Професионални преводи од македонски на германски јазик и обратно

Како искусен преведувач за јазичната комбинација македонски-германски и обратно Ви нудам прецизни и професионални преводи со највисок квалитет. Со длабоко лингвистичко знаење и мајчин јазик- македонски, се грижам вашите текстови да бидат јасно и точно пренесени на саканиот јазик – без разлика дали се работи за деловни, правни или лични цели. Зачувувањето на оригиналното значење на текстот и задоволни клиенти се мои приоритети.


Овластен судски преведувач и толкувач

Како овластен судски преведувач по македонски и германски јазик, имам овластување од германското Министерство за Правда да изработувам заверени преводи за судови и институции. Без разлика дали станува збор за судски одлуки, нотарски документи или службени акти – моите преводи се прифатени од сите германски институции. Ви нудам стручна поддршка во правни прашања и превод на документи за признавање на вашата диплома од средно и високо образование, од областа на медицината, економијата, правото и итн.

Како овластен толкувач работам по налог на германските институции, пред се судство и полиција.


Превод на документи

Сакате да направите нострификација на Вашето образование стекнато во Македонија и да работите на Вашата струка во Германија?Имате документи кои треба да бидат преведени од македонски на германски или обратно? Испратете ми ги вашите документи по е-пошта или пошта, и ќе ви изработам брза и необврзувачка понуда. Со долгогодишно искуство во превод на документи како изводи од матична книга на родени, на венчани, свидетелства и дипломи, возачки дозволи или договори, обезбедувам доверлив и навремен превод. Контактирајте ме за Вашето индивидуално решение за превод!