Јас сум Емануела Димова-Гомбар — искусен преведувач и толкувач, специјализирана за македонскиот и германскиот јазик. Повеќе од една деценија успешно им помагам на мои сограѓани, германски институции и организации успешно да ги надминат јазичните и културните бариери. Овде сакам накратко да ве запознаам со моето академско образование и да ја претставам мојата професионална работна експертиза.

Професионално искуство

  • Доцент по македонски јазик
    VHS Диселдорф (2020 – денес)
    Од 2020 година предавам македонски јазик за странци во Volkshochschule во Диселдорф, Северна Вестфалија. На моја иницијатива македонскиот јазик за прв пат беше воведен како 36 јазик во јазична програма на VHS и со тоа официјално стана првиот курс по македонски јазик за странци во Сојузна Република Германија. На моите курсеви, покрај јазичните вештини, ги пренесувам и културните аспекти, кои се клучни за целосно разбирање на јазикот.
  • Лиценциран предавач по германски јазик за интеграционите курсеви/DaF-DaZ од Сојузната служба за миграција и бегалци – BAMF (2020 – денес)
    Со дополнителни јазични „доквалификации за наставници” при јазичниот институт ИБ во Вупертал се здобив со лиценца за предавач по германски како странски и втор јазик (DaF/DaZ). Интеграционите курсеви се задолжителни курсеви за странци со цел побрза и поуспешната интеграција во германското општество. Во најчести случаи тие се предуслов за засновање на работен однос на изучуваната струка во матичната земја или стекнување на германски пасош.
  • Овластен судски преведувач и толкувач
    Основен и Апелационен суд (2018 – денес)
    По положениот испит „Правен јазик за преведувачи и толкувачи” според §35JustG NRW официјално станав судски преведувач и толкувач за македонски и германски јазик, регистриран во Министерството за Правда. Со ова сум овластена да преведувам правни документи и толкувам за време на судски седници. Како толкувач работам по налог на судот, полицијата или други германски институции. Оваа работа бара висока концентрација, прецизност и одговорност за точен и јасен пренос на правните содржини.Како преведувач, овластена сум да вршам преводи на свидетелства дипломи и сертификати. Преведувањето на документи за признавање на медицински квалификации – како што се на пример за лекари, педијатари, медицински сестри и техничари, фармацевти и стоматолози – претставува редовен дел од мојата професионална работа. Во оваа област имам богато искуство и стручна експертиза.
  • Референт за интеграција
    (2017 – денес)
    Како референт за интеграција, работам на проект, финансиран од Министерството за деца, семејство, бегалци и интеграција на сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија. Преку центарот за социјално советување на германските Синти и Роми, индиректно го поддржувам Министерството во планирање и спроведување на интегративни мерки, како и мерки против дискриминацијата и заштита на оваа најмаргинализирано малцинство.
  • Социјалeн работник во Службата за помош на Малтезер е.В., Леверкузен и Вупертал (2015-2017) Моите главни активности опфаќаа организација, регистрација и сместување на бегалци, обезбедување општи информации за постапката за азил, преведување, како и спроведување курсеви по германски јазик. За мојата посветеност и ангажман во оваа работа бев одликувана со медал “Order of Malta Refugee Aid”, издаден од Магистралната палата во Рим.
  • Стажант во Генералниот секретаријат на Европскиот парламент Генерален директорат за надворешни работи, Поткомитет за безбедност и одбрана (SEDE), НАТО-Па Делегација,Брисел, Белгија (2010) Како стажант работев на координирање и организација на состаноци меѓу европратеници и делегации како и протоколирање на состаноците во Брисел и Стразбург. Исто такав вршев консолидација на веб извештаите на ЕУ во однос на цивилно-воените мисии и операции: aнтипиратерска поморска операција Аталанта во Сомалија и мисијата за воена обука на ЕУ во Уганда.Во текот на мојата работа бев автор на полиси-пејпер на тема „EU CSDP Operations in Support of Security in Somalia and the Horn of Africa Region“, којашто беше објавена од страна на секретарјатот на поткомитетот за безбедност и одбрана при Европскиот парламент.
  • Практикантка во една од водечките адвокатски фирми во светот Linklaters LLP Диселдорф, Оддел за Антикикорупција и злоупотреба на монополска позиција (2010) Во рамките на моите работни обврски активно учествував во подготовка на правни мислења и анализа на судска практика, со фокус на прашања поврзани со конкуренциско право. Дополнително, спроведував истражувања за појавата на дампинг-цени и ограничувања на интернет-продажбата во контекст на регулативите за конкуренција во земјите од Источна Европа.
  • Преведувач во EUPOL Proxima- Дипломатска полициска мисија на Европската Унија, полиција во Велес и Штип, Македонија (2005)

Академско образование

  • Магистер по Европски Студии
    Универзитет „Рајнски Фридрих-Вилхелм“ во Бон, Центар за Европска Интеграција, Сојузна Република Германија
    Моето академско образование го продолжив со магистерски студии на англиски јазик на престижниот Универзитет во Бон. Тука ги продлабочив моите знаења за политичката, правната и економската структура на Европската унија.
  • Дипломиран Преведувач по германски и англиски јазик
    Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Филолошки Факултет Блаже Конески, Катедра за превод и толкување, 1.македонски jазик, 2. германски јазик, 3. англиски јазик

Додатни јазични вештини:
Српски, хрватски, босански, бугарски – активна писмена и усна употреба (напредно ниво), унгарски (почетно до средно познавање) го разбирам, читам и можам да водам основна комуникација.